Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Додека цел свет протестира против насилство, ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира за одбрана на насилство и одбрана на насилниците од 27 април.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, насилството, на страната на режимот.
Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа спроти интересите на граѓаните кои ги претставуваат и кои преку Буџетот ги плаќаат.
Наместо да работат во интерес на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеникот од Куманово, Бране Петрушевски, работат во интерес на нивниот ментор од Будимпешта, Никола Груевски.
Во Собранието шират лажни вести, блокираат и кочат, надвор од Собранието бранат криминал и насилство, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и овде во Куманово и низ целата држава.
Колку и да се обидуваат нема да успеат да одбранат криминал, ниту да ги рехабилитираат насилниците од крвавиот четврток.
Куманово редовно ги казнува деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го стори тоа и повторно, Куманово не сака бранители на криминал и насилство.
Затоа и во Куманово и во целата држава, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција.