fbpx

За две години СДСМ ја зголеми просечната плата за 2.300 денари повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 7 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Официјалните податоци потврдуваат: економијата и животниот стандард се на прав пат!

Според последните информации просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти и сега изнесува 25.127 денари.

Ова е последен од низата позитивни показатели за успешноста на економските политики на СДСМ и Владата што ја предводи.

Платите растат во континуитет.

Ваквиот раст на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години порасна за 5.500 денари.

 

Има разлика: Со СДСМ на власт, платите раснат многу побрзо.

За само две години и 3 месеци СДСМ ја покачи просечната плата повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 7 години!

Просечната нето плата по вработен во мај 2010 изнесувала 20 798 денари.

Во мај 2017, изнесува 22 889 денари, што е одвај 2 илјади денари зголемување за 7 години.

По демократските промени, за само 2 години и 3 месеци просечната плата СДСМ ја зголеми за 2.300 денари!

Огромна е разликата. Ние го цениме трудот на работниците и вложуваме во повисоки плати, во повеќе пари кај граѓаните а не во споменици и жални врби. Затоа е овој резултат!

Со новото предвидено зголемување на минималната плата на 14.500 денари, но и со мерката за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување, во следниот период се очекува дополнителен и интензивен раст на просечната плата.

Сите овие параметри покажуваат дека економијата е на здрави основи и се движи во добар правец. Ваквото темпо на раст на платите обезбедуваат реални услови, до крајот на 2020 просечната плата да изнесува 30.000, а минималната плата 16.000.

Почитувани,

Станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски избегаа од брзи избори во декември. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и се уште се против раст на минималната плата, само тие се против повеќе пари кај граѓаните.

Затоа, наместо во декември, тие ќе изгубат на предвремените избори во април. Граѓаните ќе ја казната нивната безидејност, деструктивност и обидите за обнова на криминалниот режим.

Граѓаните на 12 април уште еднаш ќе потврдат дека се за повисоки плати, за нови работни места и повеќе пари во семејните буџет. Граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат.

Последни вести