fbpx

Карванот граѓански трибини на СДСМ „На прав пат“ утре во Струга

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Соња Стојкоска од ОО СДСМ Струга

 

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми,

Целиот период откако СДСМ ја предводи владата на РСМ, сме силно посветени, транспарентни и како партија на власт, одговорни пред своите граѓани.

Сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните. На секојдневните средби и директни контакти со нив изнаоѓаме решенија за сите проблеми и потреби од секојдневниот живот. Од сите досегашни средби заклучуваме дека единствено СДСМ е партијата во која граѓаните веруваат дека ја носи нашата државана правиот пат,патот кон светла иднина за сите.

Правиот пат по кој чекориме ни донесе економски раст, ги враќа парите назад кај граѓаните, гради едно општество за сите, инфраструктура и патишта кои не поврзуваат меѓусебно, со нашите соседи и со светот, се грижиме за најранливите категории, носиме сигурност, стабилност и безбедност.

Затоа утре, сабота 19.10.2019 со почеток во 13 часот во Центарот за култура Браќа Миладиновци, ве повикувам на граѓанската трибина организирана од СДСМ на која гости ќе бидат Заменик претседателката на партијата-Радмила Шекеринска, членот на ЦО и пратеник Јован Митрески и Претседателот на Комисијата за економија-Кирил Колемишевски … да слушнете повеќе за патот по кој гордо ја поведовме нашата држава.

 

 

Последни вести