fbpx

И „Фридом хаус“ ги потврдува успешните политики на Владата предводена од СДСМ, Северна Македонија, единствена земја со демократски напредок во Западен Балкан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во поглед на унапредување на човековите права и слободи и демократскиот амбиент, во континуитет се препознавани од релевантни меѓународни организации.

Последна потврда за тоа е Извештајот на „Фридом Хаус“ кој нотира дека Република Северна Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес.

„Фридом Хаус“ потенцира дека Република Северна Македонија е единствена земја со демократски напредок во Западен Балкан.

Напредокот на нашата држава е втор најдобар резултат во Европа, од вкупно 29 земји кои се анализираат во извештајот.

Во Извештајот е нотирано и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанси да донесе уште демократски придобивки“.

Извештајот на „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот се силни меѓународни признанија за одговорното, транспарентното работење на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Овие меѓународни признанија се потврда дека сме на вистинскиот пат, но се и дополнителен мотив за институциите за уште поголема демократизација на општеството, уште поголема транспарентност, но и уште позасилена борба против корупцијата, како и ефикасно владеење на правото.

Како партија предводник на реформите продолжуваме да носиме и реализираме мерки и политики што значат развој, напредок и интеграција на сите полиња.

Последни вести