fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже и извртува факти, ГРЕКО во никој случај не ја критикува позицијата Вицепремиер за борба против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што на дело гледаме како институциите бескомпромисно и неселективно се борат против корупцијата и криминалот.

Затоа од белиот дворец постојано шират дезинформации и извртуваат факти објавени од релевантни меѓународни институции.

Залудно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да извртува факти со цел неосновано да го напаѓа заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, Во последниот Извештај, ГРЕКО го поздравува носењето на новиот Кодекс за етичко однесување, а особено е потенцирано, дека се постапува согласно одредбите од Кодексот, односно дека веќе има случаи на разрешени функционери.

Не се точни дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ. ГРЕКО во ниту еден случај не ја критикува позицијата Вицепремиер за борба против корупција ниту пак воведениот етички кодекс, напротив, истото го поздравува истото со единствена забелешка во делот дека не може едно исто лице да биде задолжено за имплементација на кодексот и за давање доверливи совети за етички прашања во врска со кодексот.

Согласно на тоа, одредбите од етичкиот кодекс по препораката на ГРЕКО ќе бидат променети во таа насока.

Откако во континуитет не успева да го одбрани криминалот,ВМРО-ДПМНЕ станува се понервозна и се повеќе шири лажни вести и дезинформации.

Колку и да се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да ја спречат борбата против корупцијата, одговорност за секое незаконско, за секое коруптивно однесување ќе има.

Последни вести