fbpx

140 милиони евра се инвестираат во Пелагонискиот регион во патишта, гасовод и водовод

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Емилија Костурски, советник во Советот на општина Битола

Почитувани граѓани , почитувани претставници на медиумите,

Како што ветивме, приоритет на оваа Владата на Северна Република Македонија е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и подобрување на економијата преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата.

Преку 140 милиони евра се инвестираат во Пелагонискиот регион во изградба на патишта, гасовод и водоводни мрежи. Вредно е да се напомене дека овие рехабилитациски зафати се изведуваат на патишта од различен ранг.

Ако од 2007 до 2016 година за цели 10 години во државата беа рехабилитирани 650 километри, ние за една тековна година ќе завршиме со рехабилитирање на 500 км. За прв пат после децении се градат 4 мостови а се рехабилитираат 12 мостови.

Досега, завршена е рехабилитацијата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водовод и канализација, се изгради пругата од Битола до Кременица.

Последна од низата инвестиции е реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп, инвестиција од речиси пола милион евра. Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп е во должина од 15 километри, инвестиција од 960 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Овие инвестициски циклуси и капитални проекти се од особено значење на Пелагонија бидејќи придонесуваат за значителен економски развој на регионот. За СДСМ и коалицијата граѓанинот е на прво место. Работиме за и во служба на граѓаните!

Затоа, на прав пат сме!

 

Последни вести