fbpx

146 милиони евра се инвестираат во патишта,водовод и гасовод во Пелагонискиот регион, СДСМ продолжува со инвестиции,на прав пат сме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во капиталните инвестиции.

Само во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра.

Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како  и  изградбата на  пругата од Битола до Кременица.

Како дел од  од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата  на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата  на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.

Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.

Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата  на постоечката делница од Фариш до Дреново,  проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.

Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како  и  изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.

За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава. Не застануваме тука, резултатите само потврдуваат дека на прав пат сме!

 

 

Последни вести