fbpx

За две години реконструирани над 500 километри патишта, градиме по план

Facebook
Twitter
LinkedIn
Прес конференција на СДСМ, Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ
 
 
Почитувани,
 
Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните.
 
Во Програма За Живот во Македонија на парламентарни избори 2016, ветивме дека:
 

„Во наредните 10 години ќе инвестираме 3 милијарди евра. Уште во првите две години од мандатот ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта.“
 
На само две и пол години од мандатот на Владата, инвестиравме  над 800 милиони евра во патна инфраструктура во државата.
 
Ветувањата не само што ги исполнуваме, туку правиме и повеќе од тоа.
 
Се гради насекаде како никогаш до сега.
 
Изградивме и рехабилитиравме околу 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.
 
Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Го  пуштивме во сообраќај и автопатот од Демир Капија до Смоквица исто така наследен со бројни недостатоци. Денес граѓаните сообраќаат по автопати кои се безбедни  и сигурни.
 
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид се одвива со предвиденото темпо.
 
Ветивме и реализираме изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.
 
Интензивно се работи на експресниот пат Штип – Радовиш кој е со вкупна вредност од 51 милиони евра, од големо значење за преку 170 илјади жители на овој регион, а  истовремено придобивки добиваат и околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие региони.
 
Покрај изградбата на експресниот пат, го рехабилитиравме и постоечкиот пат од Штип до Радовиш, како и патниот правец Радовиш-Подареш и патот кон Злетово, а во тек се рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица и реконструкцијата на патната делница Струмица-Ново Село.
 
Во тек е изработката на проектот за експресниот пат Битола – Меџитлија, каде што е планирана и обиколница и проектот на  експресниот пат  Струмица – граница со Бугарија.
 
Истовремено се работи на проектите за изградба на автопатите  Битола – Прилеп и Гостивар –Кичево кои  се од особено значење за граѓаните кои се движат во овие патни правци.
 
Интезивно се работи и на уште три експресни патишта,  Градско-Дреново, Штип- Кочани, Ранковце – Крива Паланка.
 
Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата.
 
Ветивме изградба на железницата, гасификација, нови водоводи, канализации. И тоа го реализираме.
 
Интензивно се  работи на изградбата на железницата кон Бугарија, а ја завршивме изградбата на пругата од Битола до Кременица.
 
Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава.
 
Почитувани,
 
Програмската определба на СДСМ има за цел  да го подобри животот на сите граѓани, што значи брз и олеснет транспорт, регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата.
 
Инвестициите во инфраструктурата не застануват тука, продолжуваме и понатаму,затоа што резултатите говорат дека сме на правиот пат!
Последни вести