fbpx

Новиот концепт на комбиниран модел во образованието ќе придонесе кон подобро совладување на наставните содржини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Драгица Ѓавочанова, пратеник на СДСМ

Почитувани родители, почитувани ученици, почитувани граѓани

Како одговорна и државотворна партија секогаш сме биле во насока во јавноста да се изнесуваат ставови коишто се вистинити, со цел граѓаните да ја знаат точната информација. Во изминатиот период во јавноста се шират шпекулации и невистини главно од опозицијата, за што чувствувам одговорност како член на Комисијата за образование во Собранието да споделам одредени информации кои се поврзани за новиот Предлог закон за учебници кој е во собраниска процедура:

1. Не е вистина дека во учебната 2021/2022 година сите ученици ќе учат по нови наставни програми!!!

Согласно усвоената концепција за основно образование во учебната 2021/2022 година по нови наставни програми ќе учат само учениците во I и IV одд , додека сите други ученици си продолжуваат по старите програми.

2. Не е вистина дека од учебната 2021/2022 година целосно се укинуваат хартиените учебници !!!!

Вистината е дека реформата ќе се воведува етапно.
Што значи тоа ?

-За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос на детето кон книгата и така и ќе остане.

– За учениците од четврто и погорните одделенија, прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ-технологија и на електронски алатки.

-Во учебната 2021/2022 година , само за учениците од IVодд ќе се обезбедат дигитални учебници, а сите други одделенија си продолжуваат со учебници во печатена верзија.
Доколку овој пилот проект во IV одд се покаже како успешен, следните години сукцесивно ќе се воведуваат дигитални учебници и во погорните одделенија, во спротивно , се враќаат на печатените учебници како и досега.

-Лектирите ,секако , остануваат во печатена форма, а секојдневно на училиште децата ќе учат и пишуваат од печатени наставни материјали и воопшто нема да изгубат контакт со книгите. Овој комбиниран пристап практично ќе им овозможи на децата да имаат достапни материјали во дигитален формат како и да ги користат во секое време, на секој уред, за повторување, потсетување,…

-Дигиталниот учебник , според структурата е идентичен со учебникот во печатена форма, но е збогатен со мултимедијални содржини што претставуваат надополнување на основниот текст / лекција со филмови, анимации, видео прикази, галерија на слики и задачи, интерактивни квизови , тестови ,..

-За прв пат секој учебник ќе биде достапен и во аудио формат , на сите наставни јазици во државата , а за учениците со оштетен вид ќе се печатат учебници на Брајово писмо.

Оваа реформа не предвидува учебникот да е основно средство за едукација и совладување на наставната материја.
Идејата е децата да ја совладаат наставната материја во училница , преку интеракција со наставникот што значи дека учењето останува во училница. Работењето на родителите со децата се намалува, а учебниците ќе им служат на учениците само за потсетување на веќе совладаната наставна материја.

3. Не е вистина дека материјалите за учење нема да му бидат достапни на секој ученик!!!
Секое училиште има обврска да обезбеди потребна количина ИТ уреди ( таблет компјутери) кои ќе се даваат на користење на учениците кои не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници.
Доколку од било која причина некој ученик не е во можност да ги користи електронските учебници, училиштето е должно да ги испечати учебниците и да му ги додели во хартиена верзија.

4. Не е вистина дека целта на дигитализацијата е намерно да се продолжи со онлајн настава !!!

Апсолутно најдобар начин за учење е во училишните клупи и дигитализацијата воопшто нема за цел да го замени учењето на училиште со онлајн учење. Напротив, МОН се залага за што поскоро враќање на децата во училиште, штом епидемиолошката состојба тоа ќе го дозволи.
Целосна манипулација е дека дигиталните учебници се воведуваат за намерно да се продолжи со онлајн наставата. Учениците ќе се вратат во клупите каде им е местото.

Почитувани родители, воопшто нема простор за паника !
Нашите деца се и повеќе од подготвени за овој процес на дигитализација , кој повеќе не е тренд , туку составен дел од нивното живеење. Впрочем, позитивните искуства од нашето соседство и пошироко покажуваат дека тоа е така !

Ви благодарам !

 

Последни вести