fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи

ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција конечно призна дека ја поддржува дигитализацијата, дека нема ништо против дигитални учебници, а го критикува предложениот закон за учебници кој предвидува комбиниран модел на примена на учебници и други наставни и дидактички материјали.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ барајќи печатени учебници и понатаму се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.

Со новото законски решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремнување на начинот на учење овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.

Она што ќе го нема, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот Закон за учебници става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби и тој не смее да биде причина за бојкот на наставата.

За првпат имаме закон во којшто јасно се наведува дека за учениците кои се од социјално ранливите семејства, како и за учениците со попреченост училиштето е должно да пристап до електронски уреди и помошна технологија. За прв пат, се обезбедуваат и учебници во аудио формат и учебници на Брајово писмо.

Ги следиме современите образовни трендови, правиме промени за да држиме чекор со сите европски земји, кои забрзано ги дигитализираат своите општества.

Меѓутоа на ВМРО-ДПМНЕ му пречи кога државата оди напред и упорно опструираат и кочат се што е во интерес на граѓаните, токму затоа шест пати за четири години се поразени на избори и уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести