fbpx

Крива Паланка добива нова градинка за 100 деца, грижата за најмладите е приоритет за СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Маја Ивановска, портпарол на СДСМ Крива Паланка

 

Почитувани сограѓани, одиме на правиот пат !

Kако одговорна партија со бројни мерки покажуваме дека правиме вистински заложби да обезбедиме подобар живот на нашите граѓани.

Она што во конинуитет го работиме и е еден од главните приоритети е детската заштита и грижата за најмладите.

МТСП со средства обезбедени преку Светската банка,потпиша договори за грантови за изградба на 5 нови градинки во земјава меѓу кои и Крива Паланка. Со средствата од овој грант новиот капацитет кој ќе се изгради ќе обезеди престој за 100 деца, а ресорното Министерство ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите објекти. 

Со овој проект е предвидено детската градинка Детлинка која се наоѓа во централното градско подрачје да се реконструира и да се надгради со уште еден кат за што ќе се инвестираат 23.500.000 денари.

 

Дека детската заштита е подигната на многу повисоко ниво покажува и фактот што за 300 отсто е зголемен буџетот на МТСП за оваа година, наменет за изградба на нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Истовремено,покрај ова се инвестира и во лицата кои се задолжени за грижа и воспитување на најмладите,преку зголемување на платите и зајакнување на кадарот во градинките, се гради вистински квалитетно предучилишно образование.

Минатиот месец беа пуштени во употреба ново адаптираните простории во градинката, а следуваат и бројни проекти за подобри услови за престој на дечињата.

Почитувани сограѓани, грижата за најмладите и обезбедувањето на услови за згрижување и воспитување на децата е правиот пат.

За нас зборот важи!

 

 

Последни вести