fbpx

Обезбедени 16,5 милиони евра за рурален развој преку ИПАРД 2 програмата, на прав пат сме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Венерка Ристовска, портпарол на ОО СДСМ – Струмица

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го одбра вистинскиот пат и цврсто чекори по него. Времето покажа дека тоа е правиот пат за државата и нејзините граѓани. Времето покажа дека оваа власт предводена од СДСМ вистински се грижи за сите категории граѓани, подобрувајќи ги состојбите и обезбедувајќи повисок стандард.

Земјоделците, нашите производители на храна, имаат високо место во приоритетите на власта, посебно овде, во нашиот крај, кој е еден од најголемите земјоделски региони во државата.

Вршиме модернизирање на земјоделството, враќање на достоинството на македонскиот земјоделец и воведување на повисоки стандарди за живот во руралните средини.

Ова значи дека вршиме и поефикасно имплементирање на ИПАРД програмата, олеснување на административните процедури за апликантите и искористување на сите ресурси за вбризгување на свеж капитал во агро – секторот, отворање на нови работни места и подобрување на условите за живот за сите граѓани на оваа држава.

 

Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември. 16,5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.

Со оваа мерка ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи, инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.

На овој начин го поттикнуваме заживувањето на македонските села и рурални општини. Во нив ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници, приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки, угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.

Минатата власт од ИПАРД програмата само 20% или 12 милиони евра. Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.

Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат.

 

Последни вести