fbpx

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е против отпремнини од 20.000 евра за војниците, против нов Клинички центар, против се што е во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани новинари, почитувани претставници на медиумите,

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за Законите кои носат подобар живот за сите граѓани, закони кои се во интерес на државата.

По секоја цена ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот со кој државата ќе добие нов, современ Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, прв по 80 години.

Откако 11 години ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, денес, кога се создадени сите услови за реализација на овој капитален проект, тие го кочат и блокираат.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните.

Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата.

Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање.

Лажни и лицемерни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон. Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот.

Почитувани,

Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и дневнопартиски интереси кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието.

Затоа шест пати се поразувани од граѓаните, затоа ги чека нов пораз на изборите на есен.

 

Последни вести