П1: Тече партиската кампања или како и да ги наречеме измените во односот и комуникацијата со граѓаните, „на прав пат“, вмешани ли се фунцкионери, се користат ли државни ресурси, владини претставници патуваат таму и дали на крај ќе има отчет за сето тоа?
Секако ниту еден државен службеник не троши буџетски, народни пари за партиската кампања којашто ја спроведуваме, но секако ред е тоа што сме го сработиле да навистина го презентираме пред граѓаните, секако пред нашето членство. Затоа што навистина веруваме и ние, а со нашите посети не уверуваат и граѓаните дека навистина Република Северна Македонија е на прав пат. Сите нови мерки и во областа од економијата и во труд и социјалната политика или патната инфраструктура, железничката инфраструктура, изградбата на гасификационата мрежа, сето тоа се потврди секако да не го заборавиме и процесот на интеграција, очекуваме позитивен исход сега на 17 или 18 октомври. Сето тоа е потврда, дека државата е на прав пат, нормално и добро е секоја политичка опција тоа да го искомуницира со граѓаните, за разлика од тоа, го имаме ВМРО-ДПМНЕ кој продолжува со стари ликови коишто се силни поддржувачи на груевизмот за 11 годишното владеење каде што навистина државата ја туркаа и буткаа кон изолација и не можевме никој глава да кренеме, за разлика од нив, ние имаме што да разговараме со граѓаните и тоа искрено.
П2: Финансиска конструкција имате ли во партијата колку ќе чини тој проект?
Како партија имаме обврска да поднесуваме финансиски извештаи, така да јас не сум во тек со таа работа, но секако ќе имате можност во финансиските извештаи да го видите тоа.