Прес конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
На прав пат сме!
Најголемите проблеми се зад нас, се движиме во вистинска насока, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре.
Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните.
Тоа е патот на сигурност, безбедност и слобода – патот до НАТО и ЕУ.
Имам чест и особено лично задоволство да најавам дека новиот концепт и систем на работа на СДСМ дополнително ги интензивира активностите и средбите со граѓаните во периодот што следи.
Под слоганот „На прав пат“ СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните ширум републиката.
На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, (очи в очи), да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите 2 години. За секој регион, за секое неше населено место.
Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, како што се приклучија на промените, како што се приклучија на напредокот, на нашите маалски и урбани средби, и да дадат свој придонес.
Првата трибина започнува оваа сабота, на 05ти октовмри во Штип, а на неа ќе учествува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Граѓанските трибини на СДСМ, во поголемите градови се планирани секој викенд, а преку работните денови ќе се одржуваат помали трибини во помалите општини или населени места, во попладневните часови.
Во меѓувреме, продолжуваме со воспоставената пракса на организаирање на маалски и урбани средби со граѓаните. Сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните.
Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.
Ајде заедно, да се приклучиме на сигурниот, брзиот, на правиот пат за да постигнеме уште повеќе за нашата земја.
Сите знаеме каде бевме во мај 2017, после 11 години режим. Граѓаните осиромашуваа додека фамилијата се богатеше на нивни грб, економијата одеше надолу, земјава беше изолирана, слободата задушена, медиумите заробени, човековите права не се почитуваа.
Нашата татковина беше на работ на провалијата, заложник на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Прогресивните граѓани предводени од СДСМ ја кренаа од пепелта, помогна државата да се исправи и да зачекори напред, по вистинскиот пат. И еве не сега, на прав пат.
На прав пат е економијата. Од – 1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со промените економијата порасна на +4,1%.
Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,5%. За 2 години отворени се над 50 илјади нови работни места.
На прав е враќањето пари назад кај граѓаните и растот на платите.
За само 2 години просечната плата порасна за 2.000 денари и тој тренд продолжува. Миниминалната плата ја зголемиваме од 9.000 на 12.500 и работиме на ново покачување.
На прав пат се мерките како „Зелена нафта“ со кои 200 милиони евра завршуваат назад кај земјоделците, мој ДДВ,
На прав пат е изградбата на 500 километри патишта, 400 километри водоводи и канлизации.
На прав пат е социјалната реформа со која го подобривме животот на 300.000 граѓани.
Знаеме дека има уште многу работа, дека има предизвици, нерешени проблеми, но ова е начинот, ова е вистинскиот пат.
СДСМ продолжува да се менува, да креира нови политики во интерес на граѓаните.
Почитувани граѓани,
Сите ваши предлози и сугестии, што ги дадовте за време на маалски и урбаните средби, како и сите предлози што ќе произлезат од овие трибини ќе ги вградиме во нови мерки и политики.
Приклучете се на вистинскиот на правиот пат, заедно, за економски раст, напредок, интеграција, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
Благодарам.