fbpx

Укинувањето на квотите за лекови обезбеди нивна поголема достапност, се грижиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Катерина Пешиќ Бошковска – Портпарол на СДСМ Куманово

 

Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв од недостиг на лекови. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи. Во рамките на мерките за подобрување на здраствениот систем, квотите за лекови се минато, воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.

Го вративме достоинството на здравствените работници со покачување на платите, а од ноември ќе се зголеми капитацијата на матичните лекари. Се спроведуваат активности, со кои на младите здравствени работници им се овозможуваат подобри услови за работа дома.

Продолжуваме со мерките и политиките што ја враќаат довербата во јавното здравство и ја зголемуваат грижата за граѓаните.

 

Последни вести