Изјава за медиуми, Мери Лазарова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Квотите за лекови на рецепт од денеска заминуваат во историјата.
Го исполнивме ветувањето и ги укинавме квотите за лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување.
Граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, и нема потреба да прават „домашни аптеки“.
Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решвме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец.
Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.
Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.
Во рамките на мерките за подобрување на здраствениот систем, воведени се три нови инсулини и дополнителни 10 инсулински пумпи за дијабетичарите, значително се зголемени средствата за нови лекови за лицата со ретки болести.
Продолжуваме со мерките и политиките што ја враќаат довербата во јавното здравство и ја зголемуваат грижата за граѓаните.
Зборот важи!