fbpx

Обновен патот Тетово-Шапка во должина од 18.200 метри после половина век, градиме по план

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Бобан Видоевски – претседател на ОО СДСМ Тетово

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиуми,

Почитувани другари од раководството на ОпштинскиотКомитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе употребам еден народен израз: “Мувата Ви е на капата”.
Цитирам ” Патот Тетово -Попова Шапка требаше да сеасфалтира во должина од 18 километри, меѓутоа последниоткилометар од истиот остана неасфалтиран. Во чиј џеб завршитој еден километар? Завршен цитат

Другари од ВМРО ДПМНЕ минатата недела се асфалтираше последниот километар, и со тоа се заврши комплетната реконструкција на патот. Така што средствата наместо во нечиј џеб како шти велите Вие, завршија во интерес на граѓаните.

На патот од Тетово до Попова Шапка поставивме нов асфалтво должина од 18 километри и 200 метри. Првареконструкција откако е изграден уште од времето на Тито, а имавте цела една декада. За Ваша информација, реконструкција беше целосна. Го чистивме патот по целадолжина, ги саниравме дупките , презедовме безбедноснимерки, па дури на крај го поставивме асфалтот над целиот коловоз.

 

Ширење на лажни вести, деградација и заплашување намладите, бесрамно лажење се Вашиот адут и навика, уште одвремето на бегалецот Груевски, па се до времето на неговиотденешен гаваз Мицковски.Рзбирливо! Ако го занемариме Вашиот криминал со автопатите во Вашето 10 годишновладеење имате направено само 7 км пат, па оттука не знаетекако да ги изброите и измерите овие 18.200 метри.

Бидете достојни кон граѓаните на Тетово и Вашите симпатизери. Потполно е разбирлива Вашата паника, колку и да сакате да ја скриете вистината не можете. Во името навистината: Владата предводена од СДСМ продолжува сореализација на дадените ветувања.

Овој е еден од основните и значајни патишта за нашатаопштина, бидејќи е единствениот пат кој директно поврзувасо ски-центарот Попова Шапка. Со тоа се дава придонес и наразвојот на туризмот затоа што Попова Шапка е еден однајстарите туристички центри на Балканот. И не е само патот, за да еден европски скијачки центар биде комплетен сонегова инфраструктура веќе е поставен новиот шестосед, нешто за кое што Вие во Вашето децениско пљачкосување нанашата држава исто така немавте слух.

Градиме по план, инфраструктура за сите, ја приспособувамецелата урбана и рурална инфраструктура да биде во функцијана потребите на граѓаните, па и на Вас драги другари од ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Ве поканувам во недела на 6ти октомври во 10часот заеднички да ги извозиме новите 18.200 метри и другарскизаедно со граѓаните во една еко-акција да ја исчистиме одсмет оваа наша природна убавица со што би се приклучиле на современото европско живеење !

Последни вести