fbpx

ВМРО-ДПМНЕ на спротивната страна од граѓаните, кочи закони во здравството одбраната и образованието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, претставници на медиумите,

Заради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.

Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата.

Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

Јавноста сведочи и на обиди за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и во Комисијата за образование наука и спорт.

Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои се уште немаат засновано работен однос на неопределено време.

Се што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието.

Ова, почитувани е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните.

Затоа се и таму каде што се – во опозиција, затоа ги чека нов пораз од граѓаните веќе на претстојните локални избори во Октомври.

Последни вести