fbpx

СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Со новиот состав на органите , со спој на искуство и нова енергија, СДСМ уште подобро и уште повеќе посветено ќе им служи на граѓаните и на државата!

По 26 Конгрес којшто се одржа вчера и донесе кадровски освежувања во највисоките партиски органи, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани.

Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.

Новиот состав на Централниот одбор е освежен , во кој две третини од членовите на ЦО се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата.

Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи, што значи има целосна родова еднаквост. Млади се 45 члена, што претставува застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.

Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.

Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од редовите на младите. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, а од 4 потпретседатели, двајца се нови.

Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.

Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се случајни, туку се континуитет со кој уште подобро и посветено им служиме на граѓаните и државата.

Почитувани,

СДСМ победува затоа што постојано се менува. За жал, тоа не е случај кај останатите политички партии, особено кај ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ свесно го блокира напредокот на државата!

Го блокира Собранието, шири лажни вести, застанува во одбрана на криминалци и насилници и работи против правдата во државата!

ВМРО ДПМНЕ останува истата партија којашто ја држеше земјата во меѓународна изолација, го делеше народот по секаква основа, и поттикнуваше тензии и омраза!

За разлика од нив, СДСМ уште посилно продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата.

Во наредните четири години СДСМ останува одлучувачка сила која го движи македонското општество само напред, политичка одговорна сила која носи државнички одлуки!

Последни вести