fbpx

Ја унапредуваме родовата еднаквост, градиме општество кое нуди еднаква шанса за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Прес конференција, Тамара Гавровска – член на ИО на СДСМ Тетово
 
 
Почитувани граѓани,
Од 22 до 27 септември 2019 год. одбележавме недела на “Правата на жената и родова еднаквост”.
 
Социјалдемократскиот сојуз преку своите политики, активно делува во унапредувањето на родовата еднаквост.
 
Концептот на еднакви можности, означува дека жените и мажите треба да имаат еднакви права на човечки,с оцијален, економски и културен развој, како и право на глас во општествениот и политичкиот живот.
 
Родовата еднаквост во Република Северна Македонија претставува законска обврска и е дел од програмата на Владата.
 
Како позначајни постигнати резултати кои ги спроведе Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз се:
– Ратификацијата на конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство, односно Истамбулската конвенција.
-Воведување на концепт  на родово-одговорно буџетирање
– Подобрување на состојбата со родова еднаквост во поединечни области и намалување на дискриминацијата по пол.
-Започнување на процесот за грижа за деца и пренесување на товарот од жените кон општеството преку зголемување на капацитетите, и обезбедување на различни форми на згрижување на деца.
– Донесување на новиот закон за прекин на бременост, со кој волјата на жената е на прво место, кој во времето на претходната Власт всушност беше рестриктивен.
 
Како наши приоритети за кои се залагаме се и:
-Воведување на мерки за балансирање на работата и семејството,
-Зголемување на стапката на учество на жените на пазарот на труд.
-Воведување на специјални мерки за економско јакнење на жените.
 
Стоп за дискриминација на жените!
 
Градиме едно општество, еднакво и праведно за сите!

Последни вести