fbpx

Потписите за референдум се собрани надвор од процедурите, поразите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги спречи реформите во образованието кои се во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители.

Откако им пропаднаа обидите за протести, откако се увиде дека освен нивните партиски членови, никој не ги поддржува, решија да собираат потписи за референдум.

Но, знаејќи дека ја немаат поддршката од граѓаните, потписите за референдум ги собирале на начин спротивен на сите процедури.

Не им е првпат на ВМРО-ДПМНЕ да организираат вакви иницијативи, па случајно да направат вакви грешки, овие грешки сигурно не се случајни, но она што е сигурно е дека граѓаните немаат доверба и поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова пропадна уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, да ја манипулира јавноста.

Но и покрај сите порази, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги кочат законите важни за граѓаните, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку законски решенија го унапредуваат образованиот систем и условите за работа на наставниот кадар.

Последни вести