fbpx

Коциќ: Опозицијата кочи закон кој е во интерес на наставниците и стручните соработници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во собраниската комисија за образование и наука, истакна дека треба да се стави крај на злоупотребата на наставници како партиски војници, наведувајќи пример на избркана наставничка во блажена состојба од средно училиште бидејќи не сакала да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку и после 10 години, не го промениме ова, проблемот останува, нагласи Коциќ, додавајќи дека има наставници на кои не им се трансформирани работните односи 2 години, но има и наставници на кои не им се трансформирани повеќе од 5 години.

Зошто го кочите законот за наставници и научни соработници, со кој одредуваме судбини на 5.000 наши сограѓани, се изживувате со луѓето кои бараат парче леб во оваа држава, ги запраша пратеникот Коциќ, своите колеги од опозицијата во собраниската комисија за образование и наука.

Последни вести