Прес-конференција, Бисера Костадинова Стојчевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
На Денот на сесловенските браќа, просветителите Свети Кирил и Методиј, гордост е да се истакнат политиките на СДСМ за зачувување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик како темел на македонскиот иденитет.
Македонскиот јазик денеска е признат во целиот свет, потврден во личната карта на нашата татковина во Обединетите нации.
Пред 2 години, токму Владата предводена од СДСМ, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик. Во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Годинава, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонскиот јазик со над 100 илјади зборови.
Јазичното богатство е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет, и за неговата автентичност во светската листа јазици.
Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.
Владата усвои мерки за унапредување на состојбата со македонскиот јазик кои предвидуваат афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик.
Ја продолжуваме и поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик, како придонес за збогатувањето и унапредувањето на македонскиот јазик.
Оваа 2021 е година во знакот на 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик.
Токму во чест на Џинот од Небрегово, ова одбележување е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО.
Станавме членка на НАТО како Македонци кои говорат македонски јазик. Само со загарантиран македонски иденитет и македонски јазик може да станеме и членка на Европската Унија.