fbpx

Николовски го честита 24 Мај: Делата на Свети Кирил и Методиј се обединувачки фактор и големо цивилизациско богатство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани,

Ви го честитам 24 мај, Денот на сесловснските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

Со нивната благородна мисија и дело, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес за словенските народи, за македонскиот народ, за Европа и светот.

Свети Кирил и Методиј имаат значајна улога во поставувањето на темелите на писменоста на сите словенски народи. Како основачи на првото словенско писмо Светите браќа оставија големо цивилизациско богатство и за македонскиот народ.

Нивната работа, мисија и придонес се светска придобивка којашто треба да обединува и облагородува. Затоа што и нивната мисија имала обединувачка улога.

Почитувањето на делото на Свети Кирил и Методи е обединувачки фактор на сите словенски и други народи.

Како нивни должници и како должници на нивните следбеници, оваа генерација македонски политичари го почитува и се поклонува на нивното дело.

Работиме на заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик како темел на македонскиот идентитет, на нашата посебност.

Нека ни е честит Денот на Светите Кирил и Методиј!

Последни вести