fbpx

Пуштен во употреба новиот булевар Босна и Херцеговина во должина од 1.700 метри, изграден по сите светски стандарди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Васко Лазаревски, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов во континуитет инвестира во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во градот.

Се наоѓаме на булевар Босна и Херцеговина каде претходната недела целосно беше завршен и пуштен во употреба за граѓаните. Станува збор за целосно нов булевар изграден по сите светски и европски стандарди, со вкупна должина од околу 1.700 метри, ширина од 40 метри, со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило од двете страни и ново улично лед осветлување.

Истовремено, во завршна фаза е и булеварот Никола Карев кој се спојува со булеварот Словенија, како и со клучката кај Момин поток којашто исто така ќе започне да се гради во текот на летните месеци.

Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот во голема мера ќе ја унапреди мобилноста на населението во овој дел од градот, ќе значи и создавање на услови за подобрување на работата на локалните бизниси кои функционираат на овој потег.

Почитувани,

И во наредниот период продолжуваме да инвестираме и да ја унапредуваме сообраќајната инфраструктура преку проекти значајни за градот и неговите граѓани.

 

Последни вести