fbpx

По 48 години реконструирана е главната кујна во градинката „Орце Николов“ во Карпош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Андреј Манолев, претседавач на Советот на општина Карпош

 

 

Почитувани граѓани,

По 48 години, се реконструираше главната кујна во детската градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. Целосно се променија елементите во кујната, плочките, водоводната мрежа, а се постави и ново осветлување.

Во оваа градинка во дневниот оброк се воведе и здраво нутритивно мени.

Во кујната на оваа јавна установа се подготвува храна и за две приватни градинки. Околу 600 деца добиваат топол и здрав оброк. Нашите деца се хранат по највисоки, европски стандарди, а храната се подготвува во подобри услови.

 

Се грижиме за најмладите, бидејќи предучилишното образование е темел за создавање на здрави навики и здрави генерации.

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев инвестираат во детската заштита.

Овие денови се менува и азбестниот кров на градинката „Мајски цвет“, објектот на ул. „Римска“, во урбаната заедница Владо Тасевски.

На овој начин, го заштитуваме здравјето на најмладите, да добиваат грижа и знаење во подобри услови и здрава животната средина.

Како локална самоуправа продолжуваме интензивно да работиме на полето на детска и социјална заштита.

 

 

Последни вести