fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е против раст на платите, СДСМ обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДММ

Почитувани,

Во белиот дворец зад мене освен што бранат криминал и шират лажни вести, се директни противници на раст на платите.

Синоќа, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славевски неколку пати порача минималната плата да не се покачува.

Научени на грабање од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ не сакаат парите да завршуваат кај граѓаните, туку се научени парите да завршуваат во белиот дворец зад мене.

Сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ со години не ја покачуваше минималната плата.

Сега е јасно дека заради таквите политики на ВМРО-ДПМНЕ илјадници млади секоја година ја напуштаа државата.

За разлика од нив, СДСМ ги покачува платите во сите сектори. Минималната плата денес  изнесува 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки.

Денес реализираме мерки и политики што ги задржуваат младите дома. Градиме систем што обезбедува нови работни места и повисоки плати.

Додека ВМРО-ДМНЕ е научена само на земање, СДСМ преку бројни мерки и политики ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард.

Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари во семејните буџети.

Последни вести