fbpx

Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец. Папагалското повторување на лагите, нема да му донесе ништо освен нов пораз.

Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1.460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски.

Со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев.

Последни вести