fbpx

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за проблеми во Охрид создадени од Бакрачески, тотално се изгубени во реалноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски дефинитивно е тотално изгубена во реалноста.

Последен доказ за тоа е денешното обвинување за патеката Студенчишко блато – Парк која е бетонирана токму од нивниот градоначалник Никола Бакрачески кој овој проект го најавуваше како еден од најважните, а денес се покажува како најпроблематичен.

Толку од познавањето на состојбата со Охрид од лицемерното и отсутно од реалноста ВМРО-ДПМНЕ.

По 11 години пустошоње, градби без план о, сквернување на историски објекти како Плаошник од страна на ВМРО-ДПМНЕ денес на оваа партија и пречи што се става ред на охридското крајбрежје.

Јавноста е сведок на уривање дивоградби, на расчистување на плажите и бреговите, на функционален колекторски систем, ставање ред и поредок во Охрид.

За разлика од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата, институциите предводени од СДСМ продолжуваат со борба за зачувување на статусот на Охрид и охридскиот регион.

Последни вести