Прес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев започнува со реализација на Интервентниот план на инвестиции за периодот 2021 – 2027 година.
Овој инвестициски план е реален, остварлив во предвидените рокови и во првите фази на реализација ќе биде моторот на севкупниот економски раст и развој.
Меѓу проектите во Планот се наоѓаат и оние кои со децении се споменува и се најавуваа, но никогаш не почнаа со реализација или останаа заглавени, затоа што режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одлучија парите на граѓаните да ги трошат на барок, споменици и криминални тендери, наместо да ги вложуваат во она што е важно за граѓаните и државата.
Планот предвидува реализација на низа инфраструктурни проекти изградба и реконструкција на регионални и експресни патишта низ целата држава, но и инвестиции во железницата.
Подготвена е првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш во вредност 54 милиони евра и ќе биде пуштен кон средината на овој месец, додека продолжува втората фаза која е предвидено да се пушти во употреба до септември 2022 година.
Експресниот пат Крупиште- Кочани во вредност од 37 милиони евра, 50% е пуштен во употреба, а сега се реализира делницата Крупиште- Кочани,
За експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, избрани се изведувачите, очекуваме потпишување на договорите, со што работите на оваа многу значајна делница можат да започнат уште ова лето.
Следува реализација на автопатот Скопје – Блаце, во вредност од 120 милиони евра, која ќе го гради македонската компанија „Гранит“.
Продолжуваат активностите на железничката пруга Куманово до границата со Бугарија, каде трите фази се во вкупна вредност од 600 милиони, а дел од овие средства се донација од Европскиот инвестициски фонд.
Понатаму, обезбедена е документација, главен проект и студија на изводливост за железничката пруга Кичево – граница со Албанија, проект вреден 520 милиони евра.
Вредноста на проектите во патната инфраструктура изнесуваат околу 1,6 милијарди евра, додека во железничката инфраструктура над 1, 1 милијарди евра, за периодот 2021-2017 година.
Овој инвестициски циклус, нема за цел да ветува економски чуда, туку фокусирање на нови и веќе познати инвестиции во енергетска инфраструктура, патна и железничка и гасоводна инфраструктура, во отпадот и пречистителните станици, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура.
Сето тоа се проекти кои ќе донесат придобивки за економијата, за граѓаните, за локалните самоуправи и за целото наше општество.
Преку овој План имаме намера да ставиме крај на справувањето со последиците од пандемијата и да влеземе во нов циклус, кој ќе овозможи унапредување на инфраструктурата и енергетиката, со што ќе поставиме повисоки стандарди на секојдневно функционирање и живеење на сите граѓани.
Остануваме посветени на инвестиции во сето она што е важно за граѓаните и државата, инвестиции кои поттикнуваат економски раст, развој на регионите и подобар живот за сите.