fbpx

ВМРО-ДПМНЕ свесно и злонамерно ја блокираат изградбата на Клинички центар, најголемата инвестиција во здравството во последните 80 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Она што е сосема јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја блокира изградбата на Клиничкиот центар, најголемата инвестиција во здравството во последните 80 години.

Потонати се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку кои се обидуваат да најдат алиби за нивните неразумни и неодговорни блокади за изградба на овој стратешки проект во здравството.

Во Скопје ќе се гради нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните.

Нивните тврдења дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага, обид за манипулација на јавноста или незнаење. Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена одамна која сега е се реновира и опремува.

Срамни и неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен криминал. Физибилити студијата е на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава и истата е одобрена од Националната Агенција на Австрија.

Во изградба на Клиничкиот центар ќе бидат вклучени најреномирани европски компании германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“.

Кого ВМРО-ДПМНЕ овде обвинува за криминал? Владата на Австрија? Или реномирани компании од Франција и Германија?

Фактот што ја одбија отворената понуда, опозицијата да го води проектот, е доволен показател дека единствена намера на ВМРО-ДПМНЕ е да кочат и да блокираат се што е во интерес на граѓаните, ништо повеќе.

Изградбата на нов Клинички центар е историска капитална инвестиција и решавање на децениски проблем во јавното здравство и неговата реализација треба да биде приоритет за сите партии, а не да го кочат и блокираат истото.

На јавноста и е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на се што е добро за граѓаните и државата.

Таквото деструктивно, антинародно и антидржавно однесување е препознаено од граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати по ред се поразувани, затоа одново ќе бидат губитници.

 

Последни вести