fbpx

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира изградбата на Клинички центар, СДСМ продолжува со капитални инвестиции во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Соња Михаиловска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Изградбата на нов Клинички центар е историска капитална инвестиција и решавање на децениски проблем во јавното здравство.

Периодот на пандемија со коронавирусот уште повеќе ја нагласи потребата од реализација на проектот за изградба на нов, современ, функционален клинички центар, кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги што ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните.

Неговата реализација треба да биде приоритет на сите партии, но, за жал, ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за изградба на клинички центар, како што се стротивставува на се што е добро за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со тешки невистини и големи лаги безуспешно се обидуваат да најдат алиби за нивните деструктивни блокади.

Со отфрлување на отворената понуда да го води проектот тие потврдија дека единствена намера им е да опструираат и блокираат се што е во интерес на граѓаните.

Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски подраго им е парите на граѓаните да се трошат на барок, на гипс картон, на споменици и палми отколку да завршуваат во капитални инвестиции во здравството. Затоа што нивното 11 годишно владеење ќе остане запаметено токму по тие непродуктивни проекти.

И додека ВМРО-ДПМНЕ блокира, Владата предводена од СДСМ продолжува со капитални инвестиции во здравството и ја потврдува својата цврста определба за градење одржлив и ефикасен здравствен систем.

По 60 години се реновирани хируршките сали на клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде се извршуваат најсложените операции. Со инвестиција од 60 милиони денари нашите пациенти ќе добијат здравствени услуги како во најразвиените европски болнички центри.

Во изминатите 4 години се реализирани капитални инвестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи во земјата.

Тоа е резултат на нашата целосна грижа за лекување на пациентите бидејќи квалитетната здравствена услуга ни е на прво место.

Граѓаните треба да знаат дека со ВМРО-ДПМНЕ или без него, Град Скопје ќе гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги .

Јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на се што е добро за граѓаните и за државата.

Затоа континуирано губат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

 

Последни вести