Прес-конференција, Драгица Ѓавочанова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Интервентниот план на инвестиции за периодот 2021-2027 година во вкупна вредност од над осум милијарди евра, е сериозен чекор кон градење на уште постабилна, поразвојна и поконкурентна економија и повисок животен стандард.
Со овој План во периодот 2021-2027 само во делот на патната инфраструктура предвидени се инвестиции во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра.
Меѓу проектите кои се дел од овој Интервентен план се и Експресниот пат Битола – Меџитлија, во вредност од 50 милиони евра каде се очекува објавување на тендер за да може да се избере изведувач.
Понатаму, автопат Гостивар – Букојчани; Букојчани – Кичево; Струга – Ќафасан и Тетово – Гостивар, вредноста на проектот е 500 милиони евра согласно законот за стратешки инвестиции.
Во претходниот период, за време на 11годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се изнаслушаа грандиозни ветувања за инвестиции во инфраструктурата, во енергетиката, во животната средина, но на крајот режимот на Груевски парите ги трошеше на споменици, барок и палми.
Затоа, денес, граѓаните се скептични кога слушаат најави за големи капитални инвестиции. Но она што е јасно е дека овој план е остварлив и реален. Во овој инвестициски циклус се постојат низа проекти кои се веќе во фаза на висок процент на реализација и стануваат реалност.
Меѓу нив е експресниот пат Штип – Радовиш во вредност 54 милиони евра кој денеска се пушта во употреба во прва фаза, додека продолжува втората фаза која е предвидено да се пушти во употреба до септември 2022 година.
Истовремено, експресниот пат Крупиште- Кочани во вредност од 37 милиони евра, 50% е пуштен во употреба, а сега се реализира делницата Крупиште- Кочани,
Преку Интервентниот план на инвестиции се фокусираме на нови и веќе познати инвестиции во енергетиката, во патната, железничката, комуналната и гасоводната инфраструктура, аспекти кои се важни за граѓаните, за општините, но се и гарант за уште позабрзан економски раст и развој.
Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со инвестиции во сето она што е важно за развој на државата и обезбедува подобар економски стандард за сите граѓани.