fbpx

Пуштен е во употреба новиот експресен пат Штип Радовиш, продолжуваме со инвестиции кои значат развој во инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Емилија Рамбабова, ОО СДСМ Штип

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Деновиве беше пуштен во употреба новиот експресен пат Штип- Радовиш, каде комплетно е завршена првата фаза во должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим.

Изградбата на овој експресен пат е со вредност од 54 милиони евра, со што после завршување на првата фаза, во тек е втората фаза која се очекува да се пушти во употреба до септември 2022 година.

Изградбата на овој пат има исклучително влијание врз развојот на економијата во југоисточниот дел на земјата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој, побрз транспорт на стоки, услуги и луѓе и преставува еден од најзначајните проекти за граѓаните на југоистокот и граѓаните на Штип.

После долги години изграден е нов, модерен и безбеден пат.

Граѓаните добија проект по сите европски стандарди за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот.
Владата предводена од СДСМ останува силно фокусирана во развој на инфраструктурата на државата и инвестира во просперитетна иднина за сегашните и идните геренации.

Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани од Струмичкиот, Радовишкиот, Штипскиот и Кочанскиот Регион.

Почитувани,

Како одговорна партија градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните со што продолжуваме со инвестиции кои поттикнуваат развој на државата и обезбедуваат поквалитетен животенстандард и позабрзан економски раст и развој.

Последни вести