fbpx

Мицкоски работи за неуспех на државата и на штета на македонските интереси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Мицкоски работи за неуспех на државата и на штета на македонските интереси

Ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ни кога ситуацијата е тешка и неизвесна. Ние работиме за граѓаните, за иднината а тие навиваат за неуспех на државата.

Од ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ и нема што друго да се очекува освен поткопување на сите напори за успех на процесот за добивање прва меѓувладина конференција, односно одглавување на блокадите на патот кон ЕУ.

Иако е јасен и гласен нашиот став дека идентитетот и јазикот не се и никогаш нема да бидат ставени на преговарачка маса, Мицкоски со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници кога се работи за националните и стратешки интереси на државата.

Не може да очекуваме државнички сенс од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос и од својот личен интерес.

Тие попрво би ловеле во матно, отколку да и помогнат на државата да напредува и да се интегрира.

Секој одговорен политичар знае дека во чувствителни моменти се помага на државата а не се одмага. Не се шират невиситини, не се пишуваат лаги на Фејсбук.

Прашањата за иднината на земјата, како што е членството во ЕУ се поголеми и поважни од партиските интереси на било која партија.

Срамно е што ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка, не праќа ниту една порака за успех на процесот.

Не е проблем што нѐ напаѓаат нас, проблем е што свесно и наштетуваат на државата.

Во моментите кога правиме силни напори да добиеме поддршка за почеток на преговорите, најмалку што и е потребно на државата се внатрешните минирања на тие напори и расфрлањето со хушкачка реторика.

Граѓаните за разлика од Мицкоски го разбираат тоа и нема да подлегнат под саботажата на Мицкоски.

Последни вести