fbpx

Одлуката на претседателот Бајден е силна порака, Охридскиот и Преспанскиот договор се државен интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес – конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како пратеник односно шеф на Парламентарната група за соработка со Конгресот на САД ја поздравувам одлуката на претседателот на Соединетите држави, Џо Бајден.

Охридскиот Рамковен договор и Преспанскиот договор се важни државнички достигнувања. Тие се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД.

Овие два договори се усвоени токму овде во македонското Собрание и тие се гарант за стабилноста и напредок на нашата држава и на целиот регион.

Еден од најсилните гарантори за овие договорите е нашиот стратешки сојузник САД.

Одлуката на Претседателот на САД, Џо Бајден испраќа на јасен сигнал од страна на Соединетите Американски Држави, кои се интересите на САД во овај регион и на кој начин ќе се заштитат.

Изјавите на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија и натаму останува против Договорот од Преспа значи вртење грб на граѓаните, но и на нашиот најголем стратешки пријател САД, на нашите сојузници во НАТО.

Непочитувањето на овие договори е дејствување спротивно на државните и националните интереси, спротивно на меѓуетничките и соседските односи.

Најголемата опозициска партија овде во Собранието станува се повеќе изолирана, се повеќе неважна.

Како пратеници избрани од народот, како членови на законодавниот дом имаме обврска овие договори да ги почитуваме, да ја следиме нивната реализација, а не да ги прекршуваме.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата нема да дозволи да се загрози спроведувањето на овие договори, и со тоа да се загрози перспективата на Република Северна Македонија.

Почитувани,

Додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на државните и националните интереси, преку блокади и опструкции, парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ продолжуваат со визионерски чекори, со државнички политики што обезбедуваат напредок развој и интеграција.

 

Последни вести