Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и против НАТО.
Тоа се потврдува со аудио снимката на која се слуша Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ зборува дека тие, ВМРО-ДПМНЕ, се бореле против Брисел и Вашингтон.
Во снимката Жугиќ вели и дека тоа не биле нејзини, туку зборови на Христијан Мицкоски.
Антизападниот Мицкоски нема образ да каже дека е против ЕУ и НАТО ниту пред своите сопартијци, па праќа емисари како Жугиќ по општинските комитети како да ги пренесат неговите пораки.
Мицкоски се крие и од сопственото членство.
Снимките кои протекоа во јавноста а на кои се слуша гласот на Жугиќ, се вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија против ЕУ и НАТО, против едно општество за сите, партија која блокира и внесува поделби меѓу граѓаните.
Ова, почитувани е потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија заглавена во режимската матрица која сака државата да ја однесе назад во темното минато на режим, поделби и меѓународна изолација.
Со таквиот однос кон граѓаните и државата, со таквата понуда, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат нов, седми пораз по ред од граѓаните.
Граѓаните се за напредок, за развој за интеграција, граѓаните се против блокади, деструкции, омраза и поделби.
Затоа редовно го казнуваат Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција.