Изјава за медиуми, Филип Даскаловски, координатор на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Карпош
Почитувани граѓани,
Овие денови заврши целосната реконструкција на улицата „Варшавска“, во населбата Тафталиџе 1.
Општина Карпош целосно го реконструираше коловозот и тротоарите, на потегот од ул. „Париска“ , кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“ до бул. „8 Септември.
Исто така, на оваа линија се постави и целосно нова фекална, атмосферска и водоводна мрежа.
На „Варшавска“ се направи и нов паркинг простор, со цел да се олесни паркирањето за граѓаните од околните згради.
Со новите инфраструктурни зафати се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, се овозможува побрз проток во сообраќајот и метежот станува минато.
Сакаме да потенцираме дека на овој потег, во мандатот на Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ беше направено најголемото урбанистичко злосторство.
Неплански се изградија голем број на згради, без притоа да се внимава на постоечката инфраструктура и нејзино прилагодување на новите потреби.
Сепак, локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев не замижаа на реалните потреби на граѓаните и инвестираа во реконструкција и зголемување на инфраструктурата на овој потег.
Ќе продолжиме плански и рамномерно да го развиваме Карпош. Градиме локална заедница за сите граѓани.