Прес конференција, Влатко Величковски – претседател на СДСМ Делчево
Со задоволство сакаме со сите вас да ја споделиме веста, дека во Делчево, М.Каменица и низ сите општини на РСМ, започна доделувањето на картичките за зелена нафта.
Во Делчево и М.Каменица со оваа мерка се опфатени околу 1200 земјоделци, кои ќе добијат околу 2,5 милиони денари. На државно ниво, преку оваа мерка на сметките на 55 илјади земјоделци враќаме околу 200 милиони денари со што се покриваат 30% од трошоците за нафта.
Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со зелената нафта и сосите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци, а со тоа го правиме домашниот агро – сектор пооддржлив.
Во оваа мерка се вклучени сите земјоделци кои се производители наполјоделски култури, градинарски култури,постоечки овошни и лозови насади, а придобивката од оваа мерка е поекономично производство и значително намалување на трошоците на земјоделците. За земјоделците секој денар е добредојден, а зелените картички ќе им ја олеснат работата на земјоделците.
Мораме да потенцираме дека земјоделците повеке од 10 години укажуваат на потребата од зелена поефтина нафта и еве сега оваа мерка се спроведува со тенденција за зголемување на процентот за субвенционирање одсегашните 30% до 50% од малопродажната цена на горивото.
И како локална и како централна власт и понатаму ќе се залагаме земјоделците да го добијат се она што го заслужуваат и преку разни мерки и проекти да се унапредува и развива земјоделството.