Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
СДСМ продолжува со промените и со зајакнувањето на капацитетите што се во интерес на граѓаните и имаат за цел забрзување на напредокот.
Последните промени во партијата и во Владата се нова енергија, што треба да дадат дополнителен импулс во реализација на мерките што носат дополнителни придобивки за граѓаните.
Како одговорна, државотворна партија даваме шанси за младите.
СДСМ е препознаена како партија носител на промените, отворена за сите млади и докажани луѓе кои сакаат да се вклучат во процесот на реформи.
Пораката е јасна и недвосмислена: СДСМ отвора простор за сите кои сакаат и можат, преку сопствен пример да дадат придонес во процесот на развојот на целокупното наше општество.
Од друга страна, тоа не е случај со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во белиот дворец остануваат заглавени во деструктивната матрица и во одбрана на криминалот и антидржавно однесување.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија продолжува да работи исклучиво по насоките од Будимпешта и осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.
Почитувани,
Како одговорна партија, остануваме со граѓаните и продолжуваме да се менуваме во нивен интерес. Остануваме силно посветени на заложбите за градење на модерно, развојно општество што нуди можности и шанси за сите.