Изјава за медиуми, Абдурахман Халими, ОО СДСМ Чаир
Почитувани сограѓани,
Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир.
Во моментов се работи на реконструкција на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар. Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350 метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата.
Градежните работи се изведуваат со засилено темпo, булеварот се асфалтира непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните активности.
Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот.
Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања, но и останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.
Продолжуваме понатаму со исто темпо во создавање и изградба на безбедна патна инфраструктура.