fbpx

Подигнати 450 картички за зелена нафта или 1.5 милиони денари за земјоделците во Валандово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, портпарол на ОО СДСМ Валандово – Васко Камчев

 

Почитувани граѓани на Општина Валандово,  Почитувани земјоделци, 

За нас зборот е збор.

Го исполнивме предизборното ветување и ја стартувавме мерката Зелена нафта” за земјоделците.

Со најновата мерка на владата Зелена нафтаовозможуваме огромно олеснување на земјоделците во производството на нивните производи.

Почнувајќи од 1-ви август годинава, 30 отсто од трошоците за нафта што земјоделците ја користат за обработка на земјоделските површини , ги покрива Владата со мерката Зелена нафта  за прв пат се воведува и тоа во првата половина на мандатот на Владата , а со неа се опфаќаат над  55.000 земјоделци на државно ниво, од кои околу  1200 се од Општина Валандово.

На овој начин кај земјоделците ширум државата се враќаат околу 200 милиони денари од кои над  3,136,051 денари завршуваат директно во рацете на нашите сограѓани – земјоделците од валандовскиот регион.

Досега во нашата општина се подигнати вкупно 450 картички во вкупен износ од околу 1 500 000 денари.

Со Зелена нафта директно се намалуваат трошоците на земјоделците , се зголемува конкуретноста на нивните производи, тоа ќе донесе и поголеми приходи во нивниот домашен буџет.

Дополнително, со измените на Законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.

Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина  3 годин

Почитувани

Владата предводена од  СДСМ го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за граѓаните.

 

 

Последни вести