fbpx

Михаиловски: Младинска акција на СДММ, донираме книги во библиотеките низ државата по повод Меѓународниот ден на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Марко Михаиловски, СДММ 

Почитувани,

Со акцијата „Подари книга – подари образование“, денеска СДММ го одбележува 12 август Меѓународниот ден на младите.

Членови на СДММ низ локалните клубови низ државата, деновиве донираа книги, сликовници и други публикации кои потоа ќе бидат донирани во социјални центри, детски одделенија, библиотеки, онаму кадешто на младите и децата им е најпотребно.

 На овој начин, СДММ се приклучува на годинешната тема воспоставена од Обединетите нации, насловена како „Трансформирање на образованието“.

Почитувани,

Во изминатииот период, СДСМ како партија предводник на промените, донесе низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на младите.

Се укина екстерното тестирање, кое задаваше проблеми и стресни ситуации во образовниот процес.

Се инвестира во подигање на ученичкиот и студентскиот стандард.

Започна со реализација на мерката „Европска младинска картичка“ која обезбедува низа поволности за младите.

Сите млади од 15 до 29 години можат да аплицираат за добивање на оваа картичка која обезбедува попусти за посета на културно-уметнички настани, патувања, туристички места, едукација и доусовршување.

Досега, аплицирале околу 2.500 лица, а поделени се 1680 картички кои обезбедуваат попусти во над 430 субјекти.

Гаранцијата за млади е уште една од мерките што обезбедува повиоск животен стандард за младите.

Преку оваа мерка, минатата година, во само три општини над 1.800 млади лица се вработиле само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица.

Се спроведуваат мерки и за младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделие.

Со мерката Млад земјоделец се обезбедуваат неповратни средства од 10.000 евра за млади земјоделци до 40 годишна возраст.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделци до 40 години возраст, се ослободени од плаќање закуп за државно земјоделско земјиште во првите три години. 

Ова се само дел од мерките спроведени во интерес на младите.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на кавлитетни младински политики што обезбедуваат услови, младите да живета и работат овде, и овде да ја градат својата иднина.

Последни вести