fbpx

Го исполнуваме ветувањето, 200 милиони денари за зелена нафта за помали трошоци за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Велес

 

Почитувани,

Продолжуваме да ги слушаме потребите на  земјоделците за тоа каков амбиент треба да создаде Владата со цел тие да имаат рентабилно и конкурентно производство. Го исполнуваме предизборното ветување кон нив.

Од 1ви август годинава, започна реализацијата на владината мерка “зелена нафта”. Мерката предвидува 30% пониска цена за евродизел за земјоделската механизација. Со мерката ќе бидат опфатени повеќе од 55.000 земјоделци на државно ниво, од кои 1.672 од Велес и поширокиот регион.

На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Со „зелената нафта” ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а тоа ќе донесе и поголеми приходи за земјоделците.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и  поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството. За нас, зборот важи!

 

 

Последни вести