fbpx

Мерката зелена нафта е дел од земјоделските политики со кои ги намалуваме трошоците на производство, повеќе пари кај земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски придружуван од пратеникот Бетиане Китев други членови на СДСМ учествуваа на маалска средба во населено место Слога, Кавадарци.

Владата предводена од СДСМ успеа да реши долгогодишен проблем на лозарите, за којшто ВМРО-ДПМНЕ не само што не покажа никаков интерес туку целосно ги заборави земјоделците – потсети Димковски.

Се исплатија околу 1.5 милиони евра наследен долг кон над 2.000 лозари што винарските визби Повардарие и Стефани го имаа кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 2014 година до 2016 година.

Иствремено, беа исплатени субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. 9 милиони евра завршија на околу 15.000 лозари.

Димковски посочи дека за две години во земјоделството успешно се реализираа голем број од најавените мерки со кои парите завршуваат назад кај земјоделците, се олеснува производството и се зголемуваат откупните цени.

Воведовме зелена нафта преку која трошоците на земјоделецот се намалува за 30 отсто а опфаќа околу 55.000 земјоделци меѓу кои лозари, овоштари, одгледувачи на зеленчук и житни култури.

Преку мерката млад земјоделец со која земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп 3 години претставува стимулација младите да се вклучат во производството и ги задржиме во нашата земја.

Димковски истакна дека претходно беа направени 5 интервентни мерки, во кои беа вклучени грозјето, јаболката, при што беа откупени околу 70 илјади тони, потоа праската, пченицата, сливата.

Тој додаде дека за разлика од претходната, оваа година нема ниту една интервентна мерка, за што се важни повеќе фактори, како пазарот, индивидуалниот пристап и други поволности важни за развој на бизнис секторот.

Уште една голема придобивка од која имаат земјоделците е со новиот закон за земјоделско земјиште кој обезбедува фер и транспарентна распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост и го поттикнува, руралниот развој.

Ова е можност за окрупнување на обработливите површини и до 10 хектари, што е предуслов за зголемен обем на производство на квалитетни и конкурентни земјоделски производи.

СДСМ продолжува и понатаму со непосредните средби со граѓаните и останува фокусирана на нивните потреби и барања .

Зборот важи!

 

Последни вести