fbpx

За 3.000 денари растат платите на над 3.100 вработени во градинките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Маријана Рогожарска Поповска – Координатор на советничката група во Советот на општина Штип

 

Почитувани, 

 

Владата на Република Северна Македонија, предводена од Социјалдемократскиот Сојуз и коалицијата, обезбеди зголемување на платите за вработените во детските градинки. Платите на негувателите, воспитувачите и останатиот кадар во градинките е зголемен за 16 проценти, што во просек по вработен е реално зголемување од околу 3000 денари. 

Во оваа група вработени влегуваат воспитувачите, негувателите, стручните работници, и стручните соработници педагог, психолог, логопед, дефектолог и други кои што се директно поврзани со згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишната возраст. 

Согласно колективниот договор се зголемуваат платите и на останатите вработени во градинките. Согласно законските измени, во платата за месец јуни, е веќе вкалкулирано ова зголемување со што на 4577 граѓани веќе им се исплатени повисоки плати. 

Ова е уште еден пример дека зборот важи! 

 

Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите и подобрувањето на условите во градинките го враќаме достоинството на овие професии кои што години наназад беа запоставувани. 

Локалната власт која што е предводена од Социјалдемократскиот Сојуз, во изминатиот период успеа да обезбеди средства за реконструкција на дел од просториите на детскате градинки  ‘Астибо’ и ‘Вера Циривири Трена’, а со пари обезбедени од јапонската амбасада, комплетно се заменети прозорците и системот за греење во клонот ‘Цветови’ во населбата Сењак. 

Дека нашите заложби за подобрување на условите во градинките се реални покажува и фактот што општина Штип, по 30 години за прв пат успеа да обезбеди средства и да започне со изградба на нова детска градинка во населбата Сењак, во која што се инвестираат еден милион евра. 

На овој начин ќе се реши уште еден проблем со немањето на доволно слободни места за згрижување на децата во градинките. 

Парите на граѓаните се инвестираат во вистински потреби за напредокот на нашата држава. 

Продолжуваме сите заедно! 

Зборот важи! 

 

 

Последни вести