Одговори на новинарски прашања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Прашање1: Околу заклучоците на Комисијата за надворешна политика кој е ставот на СДСМ, дали е потребноусвојување на декларација и дали ќе ја поддржат оваа иницијатива?
Одговор1: Дозволете ми прво да кажам дека тоа што се случуваше на Комисијата за надворешна политика во Собранието е врв на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Тие закажаа седница којашто следува после неуспешните нивни лаги и манипулации како и протести со неколкумина на улиците.
Закажаа седница на којашто ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ниту постави прашање до министерот за надворешни работи ниту зема право да зборува. Она што го напишаа ВМРО-ДПМНЕ си напишаа некои сами заклучоци за коишто воопшто не треба да се зборува во македонски Парламент. Нивните заклучоци фрлаат сомнеж токму на посебноста, токму на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Доколку некој од ВМРО-ДПМНЕ има проблем со својот македонски идентитет и со јазикот којшто го зборува може за тоа да одлучува но на друго место. Македонскиот Парламент не е место на коешто за тоа треба да се одлучува. Ние сме Македонци коишто зборуваме македонски јазик и тоа е факт. И не треба македонскиот Парламент за тоа да одлучува.
Јас сум Богданка Кузеска, Македонка , зборувам македонски јазик и не сакам македонскиот Парламент за тоа да одлучува бидејќи тоа е факт.
Прашање2: Дали сте информирани во врска со предлозите што Владата вчера ги даде при посетата на Бугарија за наоѓање на решение со бугарските власти и како ги гледате коментарите на бугарските власти после средбата?
Одговор2: Двете страни и Република Северна Македонија и Република Бугарија се целосни посветени на враќање на довербата на процесите и она што СДСМ цело време го прави и цело време и Владата предводена од СДСМ се залага за дијалог. Токму затоа нема простор за никакви шпекулации и манипулации . За информациите за којшто ме прашувате се објавени од страна на бугарски медиуми и јас не би можела да ги коментирам бидејќи не го знам изворот на којшто тие се повикуваат.
Прашање3: Опозицијата бара објаснување да и се објасни на македонската јавност кој се позициите на Владата во преговорите со Бугарија, дали останувате на позициите за португалскиот предлог или има некој други предлози ?
Одговор3 : Република Северна Македонија со Република Бугарија има потпишано Договор за добрососедство и врз основа на содржината во тој договор се одвиваат ипреговорите и изнаоѓањето на решенијата за ова отворено прашање коешто трае долги години. Она што опозицијата треба прво да каже е од кој тие дипломатски извори излегуваат со толку информации којшто можат навистина да наштетат на процесот. Опозицијата не е заинтересирана за ништо, опозицијата е заинтересирана само да наштети на процесот и секако да го блокира, да го кочи најмногу што може, бидејќи од интерес на ВМРО-ДПМНЕ не е да се изнајде решение и земјата да оди напред. Владата предводена од СДСМ и овој процес го води транспарентно. Секако остануваме посветени на дијалогот затоа што само со дијалог може да се дојде и до конкретно решение.