fbpx

Реконструкција и проширување на булеварот Никола Карев, го правиме најдоброто за градот Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар

Почитувани граѓанки и граѓани,

Градската власт предводена од СДСМ и коалицијата постојано инвестира во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура во граодт.

Покрај голем број на реконструирани и ново асфалтирани булевари во изминатиот период, деновиве започна асфалтирањето на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток.

Постојниот коловоз се проширува на 4 сообраќајни ленти, се прави простор за разделно зеленило и се оформуваат мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.

Покрај асфалтирањето и проширувањето на овој булевар е предвидено и поставување на нова атмосферска канализација и потпорен ѕид во должина од 690 метри, а ќе се постави и ново лед осветлување од двете страни.

Во изминатите четири години го правиме најдоброто за нашиот град. Скопје добива еден поинаков и модерен лик.

Град со квалитетни патишта, еколошки јавен превоз, со нови и одржувани зелени површини – град кој со гордост го оставаме на идните генерации.

Последни вести