fbpx

Костадинов: Срамни се лагите на Милошоски, не е достоен за функцијата пратеник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ,

27.07.2019, Струмица,

 

Почитувани,

Антонио Милошоски симболот на лажните вести вчера уште еднаш ја посрамоти државата, Собранието, институциите и граѓаните.

Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани.

Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.

За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено цитирам:  „Се што беше искажано се едноставно лажни вести“.

Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.

Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста.

Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ.

Почитувани,

Лагите на Милошоски се срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.

Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните и нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.

Милошоски мора да си даде оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Потврдено едека од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на Република Северна Македонија и граѓаните.

 

Последни вести